Поранешниот напаѓач на Барселона, бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков, смета дека тимот на Чави Ернандез е многу подобар од Реал Мадрид и остануваат фаворити да ја одбранат титулата од Ла лига и следната сезона. Стоичков, кој беше дел од каталонскиот тим од 1990 до 1995 година, исто така смета дека Чави е совршен тренер бидејќи научил од најдобрите – Јохан Кројф и Пеп Гвардиола.
„Мислам дека Барса се многу подобри од Мадрид. Според составот, Барселона треба да стигне до титулата. Чави е фантастичен и тоа го покажа лани со освојувањето на титулата. Луѓето се сомневаа во неговото искуство, но јас никогаш. Тој е момче на Барса. Научи многу од Пеп и Кројф, тоа е во неговата ДНК и тоа е нешто што овој клуб мора да го сочува за иднината“, вли 57-годишниот Стоичков во интервју за „Мундо депортиво“.
Тој исто така вели дека и покрај финансиските проблеми на клубот, нема да има проблеми доколку се даде шанса на младите фудбалери.
„Среќен сум што продолжува трендот на млади играчи што го почна Роналд Куман. Сакам храбри тренери како Кројф и потоа Рајкард, кои имаа храброст да стават млади играчи, или Пеп кој го постави Бускетс во игра. Еден-двајца по сезона. Роналд го знаеше тоа со Гави, Педри и Ансу Фати, а Чави со Алехандро Балде“, објаснува Стоичков.