Повредата и операцијата на коленото на Весли Фофана може да ги примора Челси да бараат централен бек во летниот преоден, со неочекувана цел, поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер, тврди „90мин“.
Според англиските медиуми Мегваер е „вишок“ во Јунајтед, откако ја загуби капитенската лента, но клубот нема да го примора да замине. Тие веќе ја одбија понудата за позајмица од Вест хем, а за него беа заинтересирани и Тотенхем и Њукасл. Челси веќе контактирале со неговите претставници бидејќи сметаат дека тој е најдобро решение меѓу достапните централни дефанзивци ова лето.