Брера Струмица соопшти дека Салваторе Рибаудо е нов фудбалер за претстојната натпреварувачка сезона. 19-годишниот Италијанец е трето летно засилување на новобрендираниот клуб.
“Салваторе Рибаудо е нов фудбалер што го ангажираше нашиот тим за новата првенствена сезона. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој игра во нападот и веќе се приклучи на сениорскиот состав во Банско, Бугарија. 19 – годишниот Салваторе е дете на италијанскиот клуб Парма каде ги помина сите младински категории, а во нашиот состав дојде од шпанскиот тим Реал Авила кој се натпреварува во Терцера”, се вели во објавата на Брера на социјалните мрежи.
Рибаудо својата младинска кариера ја минал во Парма, а претходно во раната возраст бил дел и од фудбалската школа на Палермо. Тој е трето летно засилување за Брера Струмица по Ристевски и Аризанкоски.