Интер забележа 10:0 победа против нисколигашот Перголетезе во првиот меч од летните подготовки, во меч во кој Симоне Инзаги им даде прва шанса на новите засилувања во тимот.
Јан Бисек дебитираше во одбраната покрај Стефан де Фрај и Алесандро Бастони, додека во првото полувреме во нападот беше Маркус Тирам покрај Хоакин Кореа. Кореа и Бастони постигнаа по еден гол во првото полувреме, пред Хакан Чалханоглу да зголеми на 3:0. Дензел Дамфрис беше стрелец на четвртиот гол пред крајот на полувремето.
Во второто полувреме, Лаутаро Мартинез постигна четири гола, а Себастијано Еспозито и Хенрик Мхитарјан по еден гол за конечни 10:0. Следен меч на Интер е против Ал-Наср на Кристијано Роналдо во Јапонија на 27 јули.