Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп при посетата на својот роден град Штутгарт, повторно беше запрашан за тоа дали ќе стане следниот германски селектор. Со само четири победи во последните 16 натпревари на сегашниот селектор Ханси Флик, многумина во Германија го сметаат Клоп како природен наследник, посебно пред домашното Европско првенство во 2024 година.
„Проблемот кој е пред нас е мојата лојалност. Не можам да си заминам од Ливерпул за да ја преземам Германија. Тоа не функционира така. Покрај тоа, не ми е понудена таа работа. Би била вистинска чест да се биде селектор на Германија, нема сомнеж. Можеби ќе бидам таму некогаш во иднината, но и тогаш ќе треба да бидам достапен. Тоа не случајот во моментов“, вели Клоп, кој има договор со Ливерпул до 2026.
💬 "Das Problem, das dem Ganzen entgegensteht, ist meine Loyalität. Ich kann Liverpool jetzt nicht einfach verlassen und sagen, ich übernehme mal ganz kurz Deutschland." so der Liverpool-Coach weiter.#SkySport #Klopp pic.twitter.com/PVksvp7Cox
— Sky Sport (@SkySportDE) July 21, 2023