Хари Кејн сигурно нема да го продолжи договорот со Тотенхем, кој истекува во летото 2024 година. Според германските медиуми, напаѓачот веќе ја соопштил својата намера на раководството на англискиот тим. Ова го притиска претседателот на лондончани, Даниел Леви, кој мора да размисли дали сега да го продаде Кејн или да го пушти да си замине како слободен играч на крајот од сезоната.
Со оглед на околностите, сѐ поизвесно е дека англискиот интернационалец ќе се пресели во Баерн Минхен. Преговорите меѓу двата клуба продолжуваат. Се очекува Баварците да излезат со нова конкретна понуда, што ќе се случи по враќањето на Тотенхем од претсезонската турнеја во Австралија.
„До крајот на преодниот рок ќе има договор. Баерн ќе го привлече Кејн, тој самиот многу инсистира на овој трансфер“, тврдат медиумите во Германија.