Иднината на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс е неизвесна откако Челси не се реши да го задржи по шестмесечната позајмица, а самиот Португалец изјави дека секогаш сонувал дека сака да игра за Барселона.
Преселбата во Каталонија ова лето е невозможна поради финансиските ограничувања на каталонскиот клуб, но Атлетико сака да го продаде Португалецот, кој е вишок во составот на Диего Симеоне. Според „Диарио АС“, најверојатно решение е Атлетико да го прати Феликс во неговиот стар клуб Бенфика.
Португалскиот клуб е подготвен да го прибере Феликс на позајмица, и тие се подготвени да чекаат до крајот на преодниот рок пред да дадат понуда. Интересот кај големите европски клубови е мал, така што во Бенфика се сигурни дека ќе го реализираат камбекот.