Арнаут Данџума стана второто засилување на Евертон во летниот преоден рок по ветеранот Ешли Јанг, откако премиерлигашот се договори со Вилјареал за позајмица на холандскиот репрезентативец.
26-годишниот Данџума, кој беше најдобар стрелец за шпанскиот клуб во 2021/22 година, претходно има играно во Премиерлигата во Борнмут и Тотенхем, а беше пред трансфер во Евертон во јануари, пред во последен момент Вилјареал да го откаже трансферот.
„Среќен сум што конечно сум тука. Имаше интерес и од други клубови, но го избрав Евертон поради историјата и навивачите на овој клуб. Благодарен сум на Евертон што не се откажа од мене“, вели Данџума.
🎥 | Watch @Danjuma's first #EFC interview! 🔵
— Everton (@Everton) July 23, 2023