НБА суперѕвездата Никола Јокиќ, како и Василије Мициќ нема да се најдат на списокот на селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ за Светското првенство, тврдат локалните медиуми.
Официјалниот список ќе биде објавен во понеделник, но според „Моцартспорт“, кошаркарот на НБА шампионите, Денвер нагетс, Јокиќ веќе ги информирал во федерацијата дека му е потребен одмор по долгата сезона. Мициќ, пак, кој се пресели во Оклахома Сити тандер, исто така бил фокусиран на адапацијата во новиот тим.
Според нивните информации, не помогнало ниту убедувањето на новиот капитен на репрезентацијата, Богдан Богдановиќ.