Top Sport

Галатасарај почнаа преговори за Вилфрид Заха

Турските шампиони Галатасарај потврдија дека почнале преговори за трансфер на поранешниот напаѓач на Кристал палас, Вилфрид Заха. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е слободен играч по крајот на договорот со Палас, кои претходно му понудија 200.000 фунти неделна плата за да остане во клубот.

Галата преку официјалниот Твитер акаунт потврдија дека почнале „формални преговори“ со 30-годишниот напаѓач, кој претходно беше поврзувана и со Лацио, Ал-Наср во Саудиска Арабија и ривалите на Галатасарај, Фенербахче.

Заха има 90 гола во 458 меча за Палас, со кои ја почна кариерата како 12-годишник. Тој се пресели во Манчестер јунјте во 2013, но во 2015 година се врати во Палас.

Scroll to Top