Реал Бетис се збогуваше со својата клупска легенда Серхио Каналес по пет успешни години, потврдувајќи го неговиот трансфер во мексиканскиот Рајадос де Монтереј, каде што добива тригодишен договор.
32-годишниот Каналес имаше 208 настапи за Бетис играјќи на различни позиции во средината на теренот и се очекуваше да стане капитен на тимот по пензионирањето на Хоакин, но финансиските проблеми во клубот од Севилја приднесоа тие да ја прифатат понудата од 17 милиони евра од Мексико, со што ќе се ослободат средства за регистрирање на играчи поради високата плата која ја добиваше Каналес од 5 милиони евра.
Gracias, @SergioCanales.#Serg10 pic.twitter.com/kRufSrc0Nk
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) July 24, 2023