Top Sport

„Билд“: Гвардиол до крајот на летото сигурно ќе потпише за Манчестер Сити

Јошко Гвардиол летово сигурно ќе потпише за Манчестер Сити, тврди „Билд“. Клубовите се многу блиску до договор и сигурно ќе биде постигнато решение за трансфер, тврдат Германците.

„Манчестер Сити во моментов нуди 90 милиони евра плус, некои прилично нереални бонуси. Лајпциг нема да се согласи на помалку од 100 милиони евра, но на крајот Гвардиол сигурно ќе заврши во Сити до крајот на летниот преоден рок“, пишува „Билд“.

Германскиот весник открива и што се случило пред три години кога Лајпциг го доведе Гвардиол од Динамо Загреб.

„Во последните преговори со Динамо, челниците на Лајпциг дознаа дека се работи за многу посебен дефанзивец. Ќе добиете страшен играч кој ќе вреди 100 милиони евра, им порачаа челниците на Динамо. И навистина беа во право. Сега Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата и ќе го собори рекордот на Хари Мегваер“, дополнува денешното издание на весникот.

Scroll to Top