Шкупи утре ќе го пречека Левски во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Левски го одработи тренингот на Националната арена „Тодор Проески“ пред утрешниот натпревар, а бугарските медиуми во своите извештаи пишуваат дека теренот е во „ужасна состојба“.
„Левски ќе се соочи со македонскиот Шкупи но „сините“ ќе мора да се справат и со тешкиот терен на стадионот „Тодор Проески“, пишива „Спортал.бг“.
Утрешниот натпревар ќе започне во 21 часот.