Top Sport

(Видео) Скандал на СП: Украинка победи Рускинка, потоа двете беа елиминирани

На Светското првенство во мечување во Италија, една спротив друга се најдоа, Русинката Ана Смирнова и Украинката Олга Карлан.

Иако меѓународните одлуки го забрануваат дуелот на натпреварувачките од овие две земји, тука беше направена отстапка, бидејќи Украинката доби одобрение од федерацијата да се натпреварува против Русинката.

Украинката Карлан победи, но беше дисквалификувана, бидејќи одби да се ракува со противничката.

Тоа, според прописите на Светската мечувачка федерација, е строго казниво – со црн картон, што е еднакво на дисквалификација. Дополнително, и следува забрана за учество во кое било натпреварување од два месеци.

Така Украинката ја напушти арената, додека Русинката остана на „бојното поле“ уште 50 минути, каде ја чекаше конечната одлука за исходот на натпреварот.

Имено, организаторите на турнирот сето тоа време размислувале и се труделе во оваа ситуација да ја донесат најдобрата одлука во интерес на спортот. Не сакаа драстично да ја санкционираат Украинката, но не можеа ниту да и дозволат да оди во следната рунда, бидејќи тоа би било спротивно на правилата.

Во меѓувреме, натпреварот кој требаше да се одржи на истиот терен каде што се мечуваа Русинката и Украинката мораше да се премести на друго место во салата – затоа што Русинката се уште седеше таму и го чекаше епилогот.

На крајот беше одлучено натпреварувањето да го завршат и двете натпреварувачки – Русинката затоа што загуби во борбата, а Украинката затоа што не се ракуваше со ривалката.

Scroll to Top