Top Sport

Работнички му подари дрес на Стивен Џерард

Работнички вечерва игра пријателски натпревар, во Слобенија, со клубот од Саудиска Арабија Ал Етифак. На клупата на овој клуб од пред еден месец седи легендат на Ливерпул, Стивен Џерард. од Саудиска Арабија.

Пред почетокот на натпреварот, од раководството скопскиот клуб, популарниот Стиви-Џи, на подарок доби дрес од Работнички.

Покрај Џерард, подарок дрес доби и македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, кој инаку потекнува од Работнички.

Инаку имот на Џерад го победи Работнички со 4:0. Два гола постигна репрезентативецот на Шведска Кваисон, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Витиња и Муса Дембеле.

Scroll to Top