Снимки од кршење на возило во Чаир, спроведување на навивачи до арената „Тодор Проевски“ од страна на полицијата и провокации од бугарски навивачи насочени кон Македонците, речиси цел ден кружат на социјалните мрежи.
Ова е увертира пред вечерашниот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија.
Ова е натпревар од висок ризик поради што полицијата цел ден е мобилизирана да спречи можни инциденти. „Макфакс“ објави дека бугарски натпреварувачи влегле во Чаир со два автомобили, каде биле каменувани од локалните жители. Од објавената снимка се гледа како неколку мажи фрлаат со предмети по автомобилот кој е со искршено стакло.
Дека е можна ескалација пред натпреварот, најава беа снимките објавени од бугарски здруженија. На нив се гледа како навивачки групи веат бугарски знамиња додека доаѓаат накај Скопје и порачуваат дека тоа ќе е секојдневие.
„Ваква е состојбата денеска во македонските градови. Ако Бугарите во земјава не беа систематски прогонувани, ова што го гледате на видеото ќе беше секојдневие!“, стои под снимката.
Пред почетокот на натпреварот, на инстаграм профилот „Левски фанс официал“, беше објавена фотографија на навивачи со бугарско знаме и парола: „Македонија е Бугарска“.
View this post on Instagram