Кошаркарската репрезентација на Македонија, играчи до 16 години, убедливо загубија од врсниците од Литванија (95:52), во последното коло од групната фаза на Европското првенство во Скопје.
Најефикасни во македонската репрезентација беа Јаничиќ со 15, Најков со девет и Марјановски со осум поени. Бутајевас со 22 поени ја предводеше Литванија.
Литванија доминираше од првата до последната минута во играта, што се одразува и на конечниот резултат. Како што е познато, во осминафиналето ќе играат сите селекции од групите.
Примарна на Македонија на ова ЕП е да остане во А-дивизијата.
Во осминафиналето, Македонија ќе игра против Словенија. Натпреварот ќе се одигра в среда од 16 часот.
Фото/ FIBA