По навивачка тепачка кога Бад Блу Бојс на Динамо ги нападна навивачите на АЕК синоќа во Атина, а еден Грк беше убиен, грчкиот министер за внатрешни работи Јанис Иконому суспендираше седум високи полициски службеници. Грчкото МВР започна внатрешна истрага за доцнењето на полициската интервенција. Во исто време Врховниот суд започна кривична истрага на Врховниот суд против сите инволвирани, јави атинската „РТВ СКАИ“.
И покрај тоа што УЕФА им забрани на навивачите на Динамо да присуствуваат на натпреварот, од 100 до 120 навивачи на Динамо Загреб се појавија доцна во понеделникот во близина на стадионот на АЕК, соопшти грчката полиција.
Судирите избија повеќе од еден час по завршувањето на тренингот на гостинскиот тим, веднаш откако гостунските фудбалери заминале од стадионот. Навивачите користеле факели, рачно изработени експлозиви и камења.
Нејасно е како толку голема група навивачи успеала да стигне до Атина, без автомобилите никаде да бидат запрени од полициски сили кои знаеле за забраната за организирано движење на навивачите кои патуваат со клубски знамиња.
Се чини дека биле поделени во помали групи и дека некои патувале преку Албанија, а некои со воз, пишуваат грчките медиуми.
Полициските сили за интервенција МАТ, веќе беа мобилизирани, но пристигнале по ерупцијата на насилство во која еден навивач на АЕК беше избоден со нож и набргу потоа им подлегна на повредите.
Полицијата соопшти дека мажот бил погоден со остар предмет во градите и починал од неконтролирано крварење од аксиларна вена. Исто така, полицијата соопшти дека во врска со инцидентите се приведени 98 лица, од кои 84 се хрватски државјани, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и двајца Грци.
На состанокот за безбедносните мерки во вторник наутро, АЕК соопшти дека за тоа што се случило во текот на ноќта одговорни ги сметаат Динамо Загреб и грчката полиција.
Претставниците на клубот го напуштија состанокот со оглед на тоа што, како што изјавија, било „непријатно да се учествува“.
Натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо требаше да се одигра вчера во 20:45 часот, но натпреварот е одложен, а УЕФА дополнително ќе соопшти кога ќе се одигра.