Top Sport

Мбапе не се нервира, туку ужива со коктели

Додека сите фанови на Пари Сен Жермен се прашуваат што ќе биде со нивниот најдобар играч и стрелец, односно дали ќе остане во тимот, Килијан Мбапе не е премногу возбуден што е деградирањето и префрлен во тимот на отпипаните, односно што тренира со фудбалерите за кои нема место во ПСЖ. Мбапе секоја прилика ја користи да ги нервира клупските челници. Бидејќи не му даваат нормално да тренира тој „скокна“ на Сардинија.

Таму папараците го фатија во друштво на две девојки и еден дечко со кој пиеше коктели.

Што се однесува до професионалната страна, таму нема ништо ново, тој тврдоглаво останува на ставот дека сака да остане уште една сезона, да го заврши договорот, да ја наплати клаузулата за лојалност (80 милиони евра) и потоа без обсештетување да се пресели во Реал.

Неговиот план ги разбесне клупските челници, особено претседателот Насер Ал-Келаифи, кој реши да го исклучуви од тимот беше неуспешна.

Обидите на новиот тренер Луис Енрике и спортскиот директор Луис Кампос не успеаја да го убедат шефот да го помилува, па се појасно е дека ПСЖ сезоната ќе ја започне без најважниот играч, а за ова пишува и „Паризиен“.

„Килијан Мбапе нема да му се приклучи на првиот тим, ќе продолжи да тренира со отпишани и непосакувани играчи“, пишува секогаш добро информираниот новинар на овој весник и потсетува дека Мбапе на 260 натпревари постигна 212 гола и забележа 98 асистенции.

Scroll to Top