Top Sport

Навивачот на Левски кој беше избоден во Скопје: Залутавме во наслебата, не провоцираве, а потоа работите се одвиваа како на филм

Навивачот на Левски, Драгомир Андонов, кој беше избоден со нож во Скопје при гостувањето на Левски против Шкупи во Конференциската лига, за бугарската „Нова ТВ“ раскажа за ужасот што го доживеал. Тој имал повреда во црниот дроб и во првите мигови повредата била опасна по живот.

Андонов неколку дена беше во болница во Скопје, а потоа беше префрлен во Софија. Сега е на домашно лекување.
Во своето прво јавно обраќање по немилио настан тој тврди дека немало провокација од нивна страна. Нападот се случил додека чекале на семафор во сообраќајниот метеж.

„Бевме на погрешно место во погрешно време“, вели Андонов и продолжува.

„Не сме од оние навивачи кои одат на натпревари за да прават проблеми – хулигани, вандали кои ја расипуваат агендата, прават проблеми. Ние се разликуваме од нив. GPS ја избра најкратката рута и почнуваме да влегуваме во населба. Не знаеме која е, нема никаков знак. Гледаме дека има луѓе на улиците, муслимани од соседството. Решивме да продолжиме, не знаеме каде сме, немаше полициска кола. Се движиме полека, сите сме облечени во сино. Не направивме апсолутно никаква провокација. Сообраќајот станува сѐ поинтензивен. Има семафор. Стигнуваме до раскрсница и нè фати сообраќаен метеж – автомобилот сега тргнува, па застанува. Стоиме мирни и чекаме.
Седам зад совозачкото седиште и со мојот периферен вид забележувам момче на околу 25-30 години како оди покрај автомобилот. Го гледам на ниво со прозорецот и почнува да ме влече.Тој посегна по мојот шал и почна да го влече. Кога се обидов да го повлечам, добив удар во окото. Бев помодрен и отечен. Постојано влечеше, не се откажуваше. Решив да ја отворам вратата. Повеќе луѓе се собраа зад момчето што го влечеше шалот. Еден од нив извади дрвена даска и со него ме удри по главата. Почнаа да пристигнуваат повеќе луѓе“.

Тогаш тој и неговите пријатели се обиделе да се вратат во автомобилот и да ги затворат вратите. Токму во овој момент тој бил избоден.

„Едно момче го виде оној кој го влечеше шалот низ прозорецот и се приклучи. Целта ми беше да се извлечам. Ситуацијата пламна за помалку од две минути. И луѓето постојано доаѓаа, фрлаа цевки, шишиња, а во моментот кога успеав да се оттргнам, тие удираа по задното стакло од автомобилот и го скршија. Можев да го видам и другиот автомобил – фрлаа и по нив. Како во филмовите, нештата се случуваа толку брзо. Страшен шок.

Главата ми крвари, а од адреналинот не сфаќам дека сум прободен. Застанавме да видиме колкава е штетата и чувствувам дека целата маица ми е мокра. Кога гледам – бојата се претвори од сина во црвена. Видов дека има многу крв, дека имам убодна рана. Едното момче кое беше со нас е доктор. Ми даде прва помош. Отидовме да бараме полиција“, изјави навивачот на Левски.

На крајот им се заблагодари на лекарите кои му го спасиле животот.

„Бескрајна благодарност за тоа што го направија, ме преврзаа и постојано ја следеа мојата состојба“, заврши Драгомир Андонов, навивачот на Левски кој беше прободен во судирите во Скопје.

Scroll to Top