Top Sport

Де Брујне ги почести соиграчите за тројната круна

Кевин Де Брујне со ги почести соиграчите со Ајфон телефони, по повод освојувањето на тројната круна. Минатата сезона беше најуспешна во 129. годишната историја на клубот. Сити ги освои трофеите во првенството, Купот и Лигата на шампионите.

Пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата, Де Брујне на своите соиграчи им подели 26 мобилни телефони изработени по нарачка.

Секој од нив вреди 5.800 евра.

Наводно, инспирацијата за ова ја добил од Лео Меси, кој на своите соиграчи и стручниот штаб во репрезентацијата, по освојувањето на Мундијалот им подари 35 Ајфон телефони од 24 каратно злато во вредност од 202.000 евра.

Scroll to Top