Германскиот шампион Баерн Минхен е во преговори со поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, откако Кепа Аризабалага ги одби и премина во Реал Мадрид, тврди „Спорт 1“.
Првиот голман на Баварците, Мануел Ноер ја скрши ногата во јануари и уште не е целосно опоравен, додека неговата привремена замена Јан Зомер исто така си замина од клубот. Шесткратните европски шампиони беа во преговори со Челси за Кепа, но Шпанецот реши да замине во Реал Мадрид како замена за повредениот Тибо Куртоа.
32-годишниот Де Хеа е без ангажман откако Јунајтед решија да не му го продолжат договорот, а шпекулациите велеа дека е можен трансфер во Саудиска Арабија.