Судиската комисија на Премиер лигата (ПГМОЛ) индиректно ги суспендираше судиите од натпреварот Манчестер јунајтед – Вулверхемптон поради недосудениот пенал за гостите. Спорниот момент се случи во 97.минута.
Судиското трио Сајмон Хупер, ВАР судијата Мајкл Солсбери и неговиот помошник Ричард не се делегирани за натпреварите во наредното коло.
Голманот на Јунајтед, Андре Онана, скокна ја промаши топката и собори еден играч на Волвс.
Судискиот комитет на Премиер лигата дури му се извини на Вулверхемптон преку менаџерот Џонатан Мос за овој судиски превид.
„Секоја чест за Џонатан што рече дека тоа е јасна и очигледна грешка и дека не може да поверува дека судијата на теренот ништо не досуди и дека не интервенираа од ВАР собата. Веројатно тоа ме натера да се чувствувам полошо. затоа што кога знаете дека сте во право, тогаш се чувствувате уште полошо што не сте добиле ништо. Мислам дека заслуживме барем бод“, изјави менаџерот на „Волците“ Гери О’Нил.
Инаку, минатата сезона ВАР судијата Солсбери исто така беше суспндиран, бидејќи не интервенираше и досуди пенал за Брајтон во поразот од Тотенхем.
How’s this not a penalty man 😭😭😭 #ManchesterUnited #onana #MUNWOL pic.twitter.com/tLJyhBVOOZ
— MojoCFC ⭐️⭐️🇧🇪 (@mojofly6) August 14, 2023