Панатинаикос избори пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите. Во драматаичен натпревар, грчкиот тим по изведувањето пенали, го елиминираше Олимпик Марсеј.
Откако првиот натпревар во Атина заврши со победа на Панатинаикос од 1:0, Марсеј во реваншот на „Велодром“ беше на чекор до пласман во наредната рунда. Домаќините водеа со 2:0 се до судиското надополнување на времето.
Ветеранот Обамејанг ги постигна головите за Марсеј во втората и 45+1 минута.
🚨 🇬🇦 Aubameyang’s first goal for Marseille pic.twitter.com/vNQQf02rd4
— Football View (@FootballViewYT) August 15, 2023
Pierre-Emerick Aubameyang was always a goal poacher until suddenly Chelsea pop in 😂😂😂That mid club pic.twitter.com/wnTcN4SMFW
— M A K A V E L I ☄️❄️ (@centro241) August 15, 2023
Сепак, длабоко во судиското надополнување на вториот дел, Панатинаикос доби пенал откако топката удри во раката на Гуендузи, а Јоанидис беше сигурен изведувач.
With Fotis Ioannidis's penalty goal, the Greek team is close to taking the game into overtime!
Marseille 2-1 Panathinaikospic.twitter.com/b0hJhWh3Vq
— FootColic ⚽️ (@FootColic) August 15, 2023
Во продолжениејата Марсеј постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.
Во пенал серијата трагичар повторно беше Гендузи. Тој прв шутираше и не успеа да погоди. Останатите играчи во пенал серијата беа прецизни.
Покрај Гендузи, не се прослави ниту тренерот Марселино, кој во 120. минута го смени голманот, реши пеналите да ги брани Бланко наместо Пау Лопез, но тој избор испадна целосно неуспешен бидејќи Бланко не одбрани ниту еден од петте удари на гостите.
Панатинаикос за место во групната фаза во Лигата на шампините ќе игра против Брага.