Фудбалскиот сојуз на Латвија (ФСЛ) им изрече доживотни суспензии на судиите Андрис Крастинс и Сергеј Калмукс. Двајцата во алкохолизирана состојба суделе натпревар од Третата лига на латвија.
Судиите, пред натпреварот решиле да се опуштат со една-две пијачки, но се чини дека малку претераа.
На натпреварот меѓу летонските третолигаши Плавинас и Спортс Јунајтед/Цезис, тие се појавиле камен пијани, а недолго по почетокот на натпреварот на сите им станало јасно дека нешто не е во ред.
Фудбалерите, гледајќи ги чудните движења на судиите, ја повикале локалната полиција, па Крастинс и Калмукс наместо да свират, дувнале во алкотестот, а откако им бил утврден алкохолот во телото, биле приведени.
Информацијата брзо стигнала и до ФСЛ.
Од Сојузот експресно реагирале, судиите добиле доживотни суспензија од сите натпревари под нивна надлежност. Исто така, ФСЛ најостро го осуди непрофесионалното однесување на судиите и изрази длабоко жалење за настанатата ситуација и им се заблагодари на фудбалерите за нивната совесна реакција.