Србија стигна до убедлива 110:72 победа над Порторико во преполнат „Штарк арена“ во Белград во последниот домашен меч пред стартот на Мундијалот на 25 август во Јапонија, на Филипините и во Индонезија. Победата за тимот на Светислав Пешиќ е посебно важна бидејќи Порторико е дел од нивната група на СП, покрај Кина и Јужен Судан.
И без првите ѕвезди Никола Јокиќ, Василије Мициќ, Немања Недовиќ и Никола Калиниќ, Србија покажа дека е за класа подобра од Порториканците, кои единствено водство имаа при 3:2 во првата четвртина. Србите постигнаа 39 поени во првата четвртина, за на полувреме да имаат 30 поени разлика (65:45).