Во Саудиска Арабија фудбалските ѕвезди добиваат стотици милиони евра, додека во Европа клубовите започнаа да издвојуваат милиони за тинејџери.
Манчестер сити, актуелниот европски шампион, потпиша договор со Тајрис Нубиси, момче кое има само 14 години.
За неговото доаѓање од Лестер, Сити издвои 1.200.000 евра, што очигледно е аквизиција за иднината на клубот од Манчестер.
Нубиси е роден во Ливингстон, Шкотска, а интересно е што може да избере за која земја ќе игра во иднина. Во оптек се Шкотска, Англија, Камерун и Франција.