Top Sport

Гризман: Со парите од Саудиска Арабија си мирен до крајот на животот

Антоан Гризман, ѕвездата на Атлетико Мадрид летово одби богата понуда од Саудиска Арабија. Фрабцускиот ас има други планови, сака да испише историја со Атлетико и потоа кариерата да ја заврши во САД.

Гризман во три реченици објасни зошто голем број врвни фудбалери, во најдбрите фудбалски години се селат во Саудиска Арабија.

„Во просек, еден фудбалер има кариера од 12-13 години, и тоа ако се е во ред, бидејќи на 35 години се завршува. И затоа треба добро да размислите каде сакате да одите, какви понуди да прифатите. Уживам овде во Атлетико, но со сумата добиена во Арабија до крајот на животот го решавата егизистенцијалното прашање, не само за вас туку и за целото семејство“, објасни Гризман.

Французинот се осврна и на ситуацијата со Жоао Феликс, кој стана „персона нон грата“ во Атлетико, бидејќи јавно кажа дека сон му е да игра за Барселона.

„И јас бев во слична ситуација, бидејќи и јас побарав да замина. И тоа го налути клубот. Најдоброто што можев да направам после тоа беше да молчам и да работам, да тренирам. Да се вратам во плановите на тренерот и клубот. Тоа е единствениот совет што можам да му го дадам на Феликс. Се надевам дека и со него ќе се среди се. Во соблекувалната можете да видите дека тешко се справува со сето тоа, но се што може да направи е да молчи и да работи“.

Новата сезона само што започна, а Гризман има големи желби и планови.

„Титула или трофеј во Лигата на шампионите? Ако може двете. Сакам да испишам историја со Атлетико, а за да го направиме тоа, мора да продолжиме да победуваме и да освојуваме важни трофеи како што се тие два. Гладен сум за голови, асистенции, освојување трофеи… Мојата цел за оваа сезона е да постигнам 16-17 гола, со таа бројка би бил најдобар стрелец на тимот“.

Гризман на крајот уште еднаш потврди дека кариерата сака да ја заврши во фудбалскиот шампионат на САД.

„Многупати сум кажал дека сакам таму да ја завршам кариерата, бидејќи го сакам американскиот спорт. Би сакал и таму да освојам трофеј. Ја следам МЛС, Лео Меси е најголемиот фудбалер во историјата, неговото доаѓање е најдоброто нешто што можеше да и се случи на лигата“.

Scroll to Top