Дефанзивецот Мерих Демирал е нов член на саудискиот клуб, Ал-Ахли, откако Аталанта успеа да добие одлични 20 милиони евра плус бонуси за турскиот репрезентативец.
25-годишниот Демирал пристигна во Серија А со Сасуоло во јануари 2019, по што беше продаден на Јувентус за 19.5 милиони евра, но веднаш беше позајмен во Аталанта, кои потоа го купија за 21 милиони евра. Тој беше во конфликт со тренерот Џанпјеро Гасперини по што посака да замине.
Демирал е последно ново име во Ал-Ахли по Ријад Марез, Роџер Ибањез, Алан Сен-Максимен, Франк Кеси, Роберто Фирмино и ексголманот на Челси, Едуар Менди.
A new warrior in our squad ✅
Ekibimize hoş geldiniz 🇹🇷
@Merihdemiral 🤝#ديميرال_أهلاوي— Al-Ahli Saudi Club (@ALAHLI_FCEN) August 19, 2023