Неверојатна завршница имаше реваншот меѓу АЕК и Динамо Загреб во третото квалификациско коло, во Лигата на шампионите. Динамо до 92. минута водеше со 2:0, но АЕК постигна два гола во 92. и 100.минута и се пласираше во плеј-офот.
Вториот гол го постигна поранешниот фудбалер на Динамо, Домагој Вида. Откако Ливаковиќ му го одбрани пеналот на Гарсија, Вида влезе во шеснаесетникот и со глава ја смести топката во голот.
Очигледно беше дека Вида влезе во шеснаесетникот на Динамо пред неговиот соиграч да шутира кон голот на Доминик Ливаковиќ.
Според правилата, ниту еден дел од телото не смее да ја помине линијата од шеснаесетникот, а во овој случај телото и рацете на Вида беа внатре во шеснаесетникот.
Еспен Ексас, норвешкиот судија го призна голот, откако ВАР не се огласи.
Од Динамо се жалат и дека пеналот за АЕК беше досуден неколку минути по предвиденото време за судиското надополнување. Ексас надополни пет минути, а Љубичиќ 90 секунди по истекот на предвиденото време играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
Livakovic penaltıyı kurtardı, dönen topta Domagoj Vida topu ağlara gönderdi. Bu golle Zagreb elendi.pic.twitter.com/2EqtyIBLyE https://t.co/e0GJoS9yz3
— Tek Yol FENER (@TekYolFener) August 19, 2023
Од друга страна, поранеше хрватски судија, за поратлот „Индекс“, вели дека голот е регуларен, но дека судијата требало да означи крај на натпреварот во истиот момент кога Ливаковиќ го одбрани пеналот.
„Казната е чиста. Нема предвремено влегување во шеснаесетникот на играч кој постигнува гол од одбиена топка (Вида), бидејќи правилата на играта јасно кажуваат дека „предвремено влегување“ при изведување на пенал се смета за ситуација ако играчот направи прекршок. со стапнување на земја во казнениот простор или на линијата.
Овде стапалото на играчот не ја допира земјата, што значи дека не го прекршил правилото. Сепак, поголем проблем е фактот што пеналот беше досуден длабоко по истекот на судиското надополнување и доколку судијата не беше повикан да ја гледа снимката натпреварот ќе беше завршен.
Во таков случај, тој пенал требаше да биде изведен на начин пропишан со Правилата на играта. Според правилата се изведува пенал и се гледа само ефектот од тој удар, а играчите не смеат да чекаат на одбиена топка. Натпреварот требаше да заврши веднаш штом се виде ефектот од ударот (гол или голманска одбрана). Правилата се јавно достапни на веб-страницата на IFAB“, изјави поранешниот судија чие име „Индекс“ не го објави.