Фудбалерите на Лион преживуваат тешки моменти на стартот од новата сезона.
Олимпик во саботата пред своите гледачи загуби од Монпелје со 4:1, а особено на удар на навивачите е тренерот Лоран Блан.
Поранешниот француски репрезентативец и поранешен фудбалер на Барселона, Манчестер јунајтед и Интер по натпреварот даде интервју во кое им предложи на клупските челници да му врачат отказ.
Новинарката го праша што треба да се смени за да се смени ситуацијата, а тој шокираше со решението за излез од кризата.
„Да се смени тренерот“.
„Да биде сменет Лоран Блан?“, праша збунетата новинарка.
„Зошто да не?“, беше неговиот одговор, иако потоа објасни дека не сака да замине.
„Не сакам да одам, но ако веќе ме прашувате што треба да се направи, тогаш ви велам дека можеби е потребно тренерот да добие отказ“, заклучил Блан.
Лион по две кола е последен на табелата, без бодови и гол разлика 2:6.
Hallucination level post-match interview from Lyon boss Laurent Blanc after two losses to start the Ligue 1 season, who appears to invite his own sacking.
Interviewer: “What can be done to change the situation?”
Blanc: “Change the manager.” pic.twitter.com/TU77HwYDCd
— Get French Football News (@GFFN) August 19, 2023