Шефовите на Реал Мадрид се „изнасмеале“ на барањето на Пари Сен-Жермен за 250 милиони евра за трансфер на Килијан Мбапе ова лето, тврди шпанскиот „Ел дебате“.
Мбапе е вратен во првиот состав на Пари Сен-Жермен за сезоната 2023/24, но уште нема договорено продолжуваање на договорот кој му истекува следното лето, со што траат шпекулациите околу иднината на 24-годишната суперѕвезда. ПСЖ се обидуваат да го убедат на едногодишен или двегодишен договор, во кој би вметнале клаузула од 250 милиони евра, за тој да стане најскапиот фудбалер на светот следното лето.
Ова наишло на саркастични коменетари меѓу шефовите на „Сантијаго Бернабеу“, од каде што порачале дека се подговени да издвојат помалку од 200 милиони евра за Французинот, со договор од 130 милиони евра како некој максимум.
Од Реал исто така го предупредиле Мбапе и неговите претставници дека се подготвни целосно да се откажат од можниот трансфер ако тој не се реализира следното лето.