Серија А го суспендира голманот на Фросиноне, Стефано Турати. Италијанскиот голман заработи суспензија поради „употреба на богохулен израз“ на натпреварот од првото коло против Наполи во актуелниот шампион победи со 3:1.
Имено, 21. годишниот голман е суспендиран бидејќи во еден момент го пцуел Бога.
По прегледувањето на видео и аудиото снимката од натпреварот, утврдено е дека Турати го пцуел Бога, додека Матео Политано се подготвувал да изведе корнер во 15. минута.
Тие зборови, наводно, им ги упатил на неговите играчи од одбраната, затоа што не бил задоволен од тоа како биле поставени. Голманот нема да брани викендов против Аталанта.
Турати е четвртиот фудбалер кој е казнет поради пцуењето на Бога во Италија.
Фудбалерот на Удинезе Роландо Мандрагора беше првиот казнет во 2018 година. По него во 2021 година беа суспендирани Мануел Лазари од Лацио и легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.