Вулверхемптон ја одбија првата понуда од 47 милиони фунти за португалскиот фудбалер од средниот ред, Матеуш Нунеш од Манчестер сити, јавува „Телеграф“.
Пеп Гвардиола инсистира на трансферот на Нунеш по повредата на плејмејкереот Кевин де Брујне, кој е во аут најмалку четири месеци, меѓутоа европскиот шампион ќе треба да плати многу повеќе од сумата која ја нуди. Се очекува Манчестер сити да продолжат со преговорите за трансфер. Ливерпул подолго време беа заинтересирани за Нунеш, а дадоа и понуда по одбивањето на Моисес Киседо и Ромео Лавија.
Покрај Нунеш, Сити се заинтересирани за ѕвездата на Кристал палас, Еберечи Езе, а лондонскиот клуб постави цена од 70 милиони фунти.