Уругвајскиот дефанзивец Хозе Луис Родригез изјави дека неговиот трансфер во Реал Мадрид би можел да биде комплетиран до претстојниот викенд, пренесува ESPN.
Дваесет и едногодишниот Родригез, кој игра за клубот Данубио во својата татковина, исто така потврди дека европските шампиони не биле единствениот заинтересиран тим за неговите услуги.
“Пред 31 август (крајот на трансфер рокот) имаше можност да одам во Реал Мадрид. Мојот агент сега разговара со нив, а во следните неколку дена би требало да патувам таму и да се обидам да ја затворам зделката“ рекол Родригез за Sport 890.
Родригез чиј прекар е “Ел Пума“, потврдил дека нема да игра на претстојниот натпревар од уругвајското првенство против Бостон Ривер.
“Нема да играм на следниот натпревар. Ние ќе се обидеме наскоро да патуваме, можеби пред викендот. Тренирав нормално низ текот на неделата, но не за да бидам стартер. Менаџерот знае дека нема да играм“, додал Родригез.