Top Sport

Челси може да бидат казнети со поени и со забрана за трансфери

Челси многу веројатно би можеле да добијат казна со одземање на поени и забрана за трансфери следното лето поради „рекордно“ прекршување на финансискиоот ферплеј (ФФП), предвидуваат финансиски експерти за „Спортбајбл“.

„Челси се пред рушење на рекордот за прекршување на финансискиот ферплеј следното лето. Иако се работи само за проценка, бидејќи е тешко да се земат во предвид сите елементи, се верува дека се работи за тактика на новото водство под Тод Бели, со максимално трошење до јануарскит преоден рок. Дури и да се оствараат прогнозите за продажба на играчи, ќе биде интересно да се види дали ова ќе се оствари“, велат од сајтот.

Тактиката на новиот американски газда Тод Бели е да се даваат долгорочни договори на новите засилувања, и така трошоците да се „растегнат“ на поголем период. УЕФА веќе ја виде „дупката“ во сопствените правила, и од овој преоден рок, клубовите ќе можат да им нудат долгорочни договори на фудбалерите, но парите ќе мораат да бидат распределени на петгодишен период.

Scroll to Top