Марко Верати најверојатно го завршува 11-годишниот престој во Пари Сен-Жермен, откако францускиот клуб се договорил со катарскиот клуб Ал-Араби за трансфер, тврди „Фут меркато“.
Според нивните информации ова е последен чин во „ремонтот“ на клубот под водство на Луис Енрике и покрај тоа што Италијанецот го продолжи договорот со клубот пред неколку месеци.
Нејмар веќе е продаден на Ал-Хилал, Лионел Меси не го продолжи договорот, а Леандро Пареде си Чави Симонс беа испратени од клубот.