Top Sport

(Видео) Јорданскиот „Коби“ залудно постигна 39 поени – продолженијата му донесоа победа на Нов Зеланд

Кошаркарите на Нов Зеланд го победија Јордан со 95:87 по продолжение во вториот натпревар од групата Ц на Светското првенство.

Одличен натпревар одигра Ронде Холис-Џеферсон кој забележа 39 поени, девет скока и четири асистенции.

Фреди Ибрахим додаде 22, а Ахмад Дваири беше единствениот уште двоцифрен со 19 поени. Тројцата на крајот одиграа по 40 минути, а причината за поразот е недоволно широкиот ростер на Јордан. За споредба резервите на Нов Зеланд уфрлија 30 поени.

Кај Јордан само уште двајца кошаркари постигнаа поени, Хавас четири, а Бзаи три поени.

Кај Нов Зеланд Лиф имаше 23 поени, Или 15, Дилејни 14, а Вецел 13 поени.

Нов Зеланд водеше практично во текот на целиот натпревар и во неколку наврати имаше и 12 поени предност.

Продолженија избори Холис-Џеферсон. кој при резултат 85:81,а 10 секуни до крајот погоди тројка под фаул. Сепак во дополнителните пет минути Јорданците немаа сила да им парираат на своите противници.

Холис-Џеферсон наликува на Коби Брајант, на грбот го носи бројот 24, поради што во еден момент публиката скандираше: „Коби, Коби“.

Натурализираниот Американец го надмина рекордот на Лука Дончиќ на ова СП. Словенецот во првото коло против Венецуела постигна 37 поени.

Scroll to Top