Додека многу Ф1 критичари сметаат дека апсолутната доминација на Макс Ферстапен и неговиот Ред бул е лоша за интересот за Ф1, светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев има едноставен одговор: „Кому му е грижа за тоа?“.
Ферстапен во неделата го израмни рекордот на Себастијан Фетел од девет победи во низа со уште една доминантна трка во Холандија, и малкумина би се обложиле дека нема да победи и 10-ти пат на Италијанското ГП во Монца. Неговиот Ред бул пак, има 14 победи едноподруго, што е апсоолутен рекорд.
„Кому му е грижа дали тоа е добро за спортот? Тој е фантастичен. Тоа е тоа. Не треба да се обидувате да го спречите тоа. Тој го прави тоа подобро од било кој друг, сега и во минатото. Успеа да работи со својот инженер да го направи неговиот болид како втора кожа. Кога имате таква машина, само седнувате во болидот и не размислувате. Болидот го прави тоа што го посакувате. Затоа Серхио Перез победува по две-три три секоја година, и помисли дека може да го победи Макс. Но, тогаш Макс ќе ја направи својата магија и ќе го натера болидот да го прави тоа што го сака и ќе го уништи Перез“, вели Вилнев.