Џејдон Санчо одбил да направи трансфер во саудискиот Ал-Етифак и ќе оди на разговори со менаџерот Ерик Тен Хаг во обид да се надминат проблемите и конфликтот.
Англичанецот се наоѓа во клучен момент во неговата кариера како фудбалер на Манчестере јунајтед откако јавно одговори на критиките од Тен Хаг за неговите перформанси на тренинзите. Тој доби изненадувачка понуда од Ал-Етифак, но реши да ја одбие понудата за преслба за да се бори за своето место во тимот на Тен Хаг и прв чекор е директен разговор со менџерт.
Санчо има проблематични односи со Тен Хаг по пристигнувањето на Холанѓанецот минатата сезона. Прво тој беше пратен во Холандија три месеци за да работи на посебна рутина на тренинзи за да ја врати менталната и физичката форма, а кога се врати беше речиси постојан во тимот, пред проблемите на стартот на новата сезона.
Токму разговорите со Тен Хаг ќе ја одлучат неговата иднина на „Олд Трафорд“ и потенцијален трансфер во јануарскиот преоден рок.