Top Sport

(Видео) Драма на Ју-ес опен, во знак на протест навивач си ги залепи стапалата на трибините

Драматични сцени на „Артур Еш“ се случуваа во текот на полуфиналето меѓу Коко Гоф и Каролина Мухова.

Гоф го доби првиот сет со 6:4, го освои првиот гем во вториот сет, кога на горниот дел од трибините тројца луѓе започнаа свој протест. Ја извикуваа паролата која беше испишана и на нивните маици: „Престанете да ги користите фосилните горива“.

Обезбедувањето лесно се справи со двајца од тројцата протестанти. Ги отстрани од трибините, но мака имаше со третиот. Тој со лепак, голите стапала ги залепи за бетонот.

Со помош на медицинскиот тим, тој по цели 50 минути беше остранет од трибините.

Откако мечот продолжи Гоф го доби и вториот сет и се пласираше во своето прво грен-слем финале. За титулата, младата Американка ќе се бори со Арина Сабаленка.

Scroll to Top