Златко Далиќ поголемиот дел од летото го помина славејќи низ Хрватска по историскиот успех со „коцкестите“ и среброто од Русија.
Сега, следуваше суровото будење – катастрофалниот 6:0 пораз од Шпанија во меч од Лигата на нации, и хрватскиот селектор, кој го продолжи договорот со репрезентацијата, не сакаше да бара изговори.
„Имавме одлични 20 минути на почетокот, три стоотстотни шанси, по што исчезнавме од теренот. Ниту дуел, ниту агресија, вистински распад на системот. Противникот не разби и мораме да научиме нешто од овој пораз. Мораме да знаеме дека имаме проблем. Не можеме секогаш да се враќаме по примени голови како на Светското првенство. Но, што е, тука е, мораме да одиме понатаму“, изјави Далиќ.
Фото: ЕПА
Шпанците го посрамотија светскиот вице-шампион Хрватска! (видео)