Напаѓачот Матеј Цветаноски се врати во редовите на АП Брера Струмица. Цветаноски беше дел од тимот на Брера пролетниот дел од минатата сезона.
Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани.
Минатата сезона Матеј Цветаноски за Брера одигра шест натпревари при што имаше една асистенција а во македонскиот шампионат зад себе има вкупно 158 настапи при што постигна 21 гол и 25 асистенции.