Барселона се договорила со тренерот Чави Ернандез за продолжување на договорот до 2025 година и покрај финансиските проблеми на каталонскиот клуб, тврди „Мундо депортиво“.
Чави го презеде клубот во хаос во 2021 година по заминуваањето на Ронал Куман и првично потпиша тригодишен договор, кој му истекува на крајот на сезоната 2023/24. Но, откако лани ја донесе титулта од Ла лига, 43-годишниот поранешен фудбалер произлезен од академијата на клубот, ќе остане барем уштедве гдини.
Агентот на Чави ги почна преговорите со сега поранешниот спортски директор Матеу Алемани во текот на летото, беше договорено приоритет да се постави на носењето на нови играчи. Сега, клубот сака да го формализира и овој договор, кој би требало да биде објавен официјално во среда по крајот на интернационалната пауза.