Премијата на Типстер Куп сезоната 2022/2023 – станот во Џевахир Скај Сити, ја освои Владимир Трајчев од Струмица.
Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година.
„Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски мечеви. Често играм во обложувалница, но тоа е за забава. Не играм на многу вложени пари. Најчесто правам тикети со многу мечеви. Ги следам акциските игри на Спорт лајф, посебно Типстер купот. Тој е најатрактивен бидејќи и главната премија е најголема“, вели среќниот Владимир.
Победата ја остварил со добитен тикет од 12 пара и вкупен коефициент од 1005, и тоа на 27 јуни, три дена пред крајот на финалната етапа. Следниот ден направил тикет само со 10 коефициент за да го зголеми вкупниот добитен коефициент. Инаку уплаќал тикети од по 20 денари, со повеќе натпревари за повисок вкупен коефициент. Се случувало и за еден гол да не погоди тикет, но упорноста и среќата на крајот му се исплатиле.
Типстер шампионот вели дека и во минатото имал добитни тикети, но дека ниту еден не бил толку вреден како овој, со кој освен 17.097 денари, заработил и стан токму како подарок за сопствената свадба која ја има закажано за помалку од еден месец.
Покрај честитките за добитникот, од Спорт лајф истакнуваат дека постојано ја збогатуваат понудата на игри и активности за своите верни членови, па така оваа година следува нова сезона на Типстер куп натпреварот, при што секој месец ќе се доделуваат 100.000 денари за најмногу погодени тикети во месецот, потоа ново СЛ мени, со разновидни бонуси и добивки за секој ден од неделата, а новитет е „Среќна 13-ка“ или „Спортска по твое“. Оваа акциска понуда ќе трае од септември до јуни следната година и секој месец ќе бидат доделувани премии за погодени 13 натпревари на тикет и тоа по избор на играчот од цел билтен, без ограничување.