Реал Мадрид имаат одличен старт на новата сезона и се на првото место во шпанската Ла лига, најмногу поради новото засилување, англиската суперѕвезда Џуд Белингем, кој е најдобар стрелец на тимот на Карло Анчелоти со пет гола во четири меча, иако не игра на позицијата напаѓач.
20-годишниот Англичанец доби фантастична пофалба од неговиот соиграч, австрискиот дефанзивец Давид Алаба, кој признава дека е воодушевен да го има како соиграч.
„Веднаш ја видовме светската класа во Џуд. Неговите први перформанси кажуваат многу за него, за неговиот карактер. Тој има фантастично сфаќање на сите ситуации на теренот. Џуд е јасен во своите потези на теренот, веќе е многу зрел за својата возраст и на теренот е екстремно сериозен. Таква ментална сила ретко се гледа, и тој ги им сите услови за успех во Реал Мадрид. Мислам дека иднината е блескава“, вели Алаба во интервју за „Спорт билд“.