Дефанзивецот на Нотингем форест, Хери Тофоло доби условна суспензија од пет месеци и казна од 21.000 фунти откако призна 375 прекршоци со обложување кај англиската Фудбалска асоцијација (ФА).
28-годишниот Тофоло беше обвинет во јули за прекршоците додека беше фудбалер на Норич сити, но играше како позајмен во три клубаа – Свиндон, Ротерам и Сканторп. Тофоло доби петмесечна суспензија условена до крајот на 2024/25, така што би можел да биде избран во тимот на Стив Купер.
Правилата на ФА целосно забрануваат предавање на било какви фубалски информации кои можат да се користат за обложување, но ФА не ги даде деталите за неговите прекршоци.
Неодамна напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тоуни доби осуммесечна суспензиј и казна од 50.000 фунти за 232 прекршоци на правилата за обложување и може да се врати на фудбалот во јануари.