Голем скандал е на повидок во фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. На последниот собир го немаше Анел Ахмедхоџиќ, 24. годишниот дефанзивец на англискиот премиерлигаш Шефилд јунајтед.
Официјално Ахмедхоџиќ бил повреден, а и медиумите пишуваа дека тој веќе некое време игра под блокади и дека нема да биде подготвен за настап во националниот тим.
Но, последните информации од Англија фрлаат голем сомнеж на овие пишувања. Имено, тренерот на англискиот тим Пол Хекингботом изјави дека неговата здравствена состојба е добра, а од клубот соопштија дека ќе биде на располагање за следните натпревари и дека тренирал со тимот.
„Го вративме Анел на теренот, тој му се стави на располагање на тренерот. Тој беше разумен и е во добра кондиција“, соопштија од Шефилд.
Медиумите од БиХ пишуваат дека очигледно е дека Ахмедхоџиќ не е повреден, туку сакал што побрзо да се подготви за продолжението на сезоната во клубот, а репрезентацијата не му била важна.