Легендата на Реал Мадрид, Луиш Фиго го смета новото засилување на „кралевите“, Џуд Белингем како еден од најдобрите играчи на светот и покрај тоа што младиот Англичанец има само 20 години.
Белингем има магичен старт на кариерата во Мадрид по трансферот од 103 милиони евра од Борусија Дортмунд, со пет гола во првите четири меча (иако не е напаѓач) и Фиго смета дека тој веќе е елитен фудбалер.
„Тој имаше неверојатно силен старт и се адаптираше многу, многу бргу на Реал Мадрид и на тоа што значи да си фудбалер на овој клуб. Без сомнеж е еден од најдобрите. Со својот талент и со својата посветеност го докажува тоа уште сега, иако е толку млад“, вели Фиго, прогнозирајќи дека Белингем ќе постигне „15-20“ гола оваа сезона.