Чукарички ја победи Црвена звезда со 2:1, во дерби мечот одигран во шампионатот на Србија. Централна фигура на натпрварот беше поранешниот напаѓач на Шкупи, Сандеј Адетунџи.
Нигериецот во првото полувреме изнуди пенал за својот тим, а во 75.минута постигна извореден гол со кој Чукарички го победи фаворитот.
Адетунџи две години го носеше дресот на Шкупи, одигра 54 натпревари постигна 31 гол.
Goal! | Sunday Adetunji | Čukarički 2-1 Crvena zvezda 🇷🇸pic.twitter.com/QrS96ttTOt
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 16, 2023